Непознати лица во Берлин предизвикале експлозија покрај зданието на руската православна црква „Св. кнез Владимир“. Експлозивот бил уфрлен во поштенско сандаче. Црквата не претрпела оштетувања.
Старешината на црквата соопшти дека во текот на последните два месеци црквата добивала закани. Во поштенското сандаче стигнувале заканувачки пораки. „Се појавија летоци со погрдна содржина, со порака да си одиме одовде, дека овде не ни е местото, дека рускојазична црква овде не смее да стои“, изјави старешината на храмот протојереј Петар Пахолков за рускиот ТВ канал „Рен ТВ”. Свештеникот смета дека зад овој инцидент стојат неонацистите кои пред неколку дена ја нападнаа руско-германската школа во берлинскиот реон Марцан.
Привремениот дрвен храм е подигнат од неодамна. Црковната општина планира да изгради голем храм од камен и веќе набави парцела во реонот Марцан-Хелерсдорф, каде што живеат околу 40 илјади население што зборува на руски. На територијата Германија вкупно функционираат над 100 парохии на Руската православна црква, пренесува „Интерфакс”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче