Украинската Врховна Рада усвои резолуција за „Пружање отпор на воената агресија на Русија и надминување на нејзините последици“. За резолуцијата гласаа 259 пратеници, пренесува ТАСС.
„Ова е првиот консолидиран документ на украинскиот парламент, каде е наведена хронологијата на конфликтот меѓу Русија и Украина. Ова е првиот правен документ во кој ќе биде назначен точниот датум на почетокот на руско-украинската војна“, изјави потпретседателката на парламентот Оксана Сироед, презентирајќи го овој документ на седницата на собранието.
Во усвоениот документ пратениците од Русија, меѓу другото, побараа „веднаш да ги ослободи сите заробеници, да ги повлече сите вооружени сили од територијата на Украина, да ја исполни Минската спогодба, вклучувајќи враќање на потполната контрола на Украина врз државните граници и обезбедување мониторинг од страна на ОБСЕ“.
Во документот исто така се бара Русија да го врати Крим, да го прекине движењето на хуманитарните конвои, како и да покрене кривично гонење на лицата кои се одговорни за агресијата против Украина, воени злосторства и злосторства против човештвото.
„Во случај Русија да не ја прекине вооружената агресија против Украина, Врховната Рада ја повикува меѓународната заедница да ги заостри санкциите против Русија како „агресорска држава“ и да ги забрза обезбедувањето финансиска помош и испораката на оружје на Украина”, се наведува во новата резолуција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче