Ученици од Хакасија спасувале луѓе од пожарите

19 пожарникари и волонтери кои спасија луѓе од огнот во Хакасија добија награди од првиот човек на Министерството за вонредни ситуации Владимир Пучков, пренесува РИА „Новости“.

19 пожарникари и волонтери кои спасија луѓе од огнот во Хакасија добија награди од првиот човек на Министерството за вонредни ситуации Владимир Пучков. Двајца ученици, 13-годишно девојче и 14-годишно момче добија ордени „За храброст при пожар“, пренесува РИА „Новости“.

Истакнувајќи ги храброста и хероизмот на пожарникарите, волонтерите, обичните жители кои, ризикувајќи ги своите животи, успеаја да спасат од огнената стихија луѓе и да ги заштитат куќите од пожарот, министерот Пучков ги нарече вистински херои.

Тринаесетгодишната ученичка ја изнела од запалената куќа својата прва учителка. Четиринаесетгодишното момче за време на пожарот спасило жена и дете. Министерот им предложи на децата да се запишат на високообразовните установи на МВС – во Сибирската академија за пожарникари и спасители во Краснојарск. „Вашиот пример го следи Хакасија“, додаде Пучков.

На крајот на церемонијата за доделување на наградите Пучков истакна дека штетите од пожарот се големи. „Но ние сѐ ќе обновиме. Пред нас е многу работа“, изјави тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња