Путин ја посети Хакасија

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети Република Хакасија која настрада од пожар.

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети Република Хакасија во која од последиците на пожарот без покрив над главата останаа 2000 семејства во речиси 40 населени места. Според последните информации, во пожарот настрадаа 34 лица.

Путин се сретна со Надежда Макарова, која во текот на „Директната линија„ му се обрати на претседателот и побара помош за жителите на овој регион кој трпи последици од пожарот.    

Претседателот на Русија се интересираше како сега се чувствуваат жителите на настраданиот регион и каде се наоѓаа сега.

„Луѓето кои имаат роднини се сместени кај нив. Тие кои немаат се во привремено сместување“; изјави Макарова, додавајќи дека во нејзиниот успеале да се  да обранат од огнената стихија и дека сѐ полека се враќа во нормален тек.   

Зборувајќи на состанокот за превенција на вонредни состојби на територијата на Сибирскиот федерален регион, Путин рече дека во што е можно пократок рок треба да се дефинираат потребите за продолжување на елиминацијата на  последиците од пожарот, како и за обнова на транспортот, станбените објекти и инфраструктурата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња