Пратеникот во Европскиот парламент и претседателски кандидат во Полска Јануш Корвин Мике изјави дека снајперистите кои пукаа на Мајдан во февруари 2014 година биле обучени во Полска, пренесува „Лента.ру“.
„Мајдан е наше дело. Седев во Европскиот парламент до министерот за надворешни работи на Естонија Урмас Пает. Тој во разговор со Кетрин Ештон призна дека наши луѓе пукале на Мајдан, а не луѓе на претседателот на Русија Владимир Путин и поранешниот украински лидер Јанукович“, изјави европскиот пратеник.
Според него, терористите на Мајдан убиле 40 демонстранти и 20 полицајци за да испровоцираат немири.
Како што објасни тој, интересот на Варшава во ова бил да ја добие наклоноста на Вашингтон.
Полскиот политичар додаде дека би сакал Украина да биде независна, но и ослабена, како и дека моменталните случувања во Украина претставуваат агресија на САД насочена кон Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче