Министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков се закани на социјалната мрежа Фејсбук дека ќе организира масовен напад „против лагите на руските политичари и нивните платени медиуми“ во Европа.
„Бесен прес е на прагот на Европа“, изјави украинскиот министер Аваков на средбата со италијански политичари во Рим, за што ја извести јавноста преку социјалните мрежи, пренесува ИА REGNUM.
„Отворен и остар разговор беше неопходен. Веќе премногу активно почна да лобира путиновска Русија во Европа. Ги „обработуваат“ Италија, Франција, Шпанија и други земји кои се далеку од борбените линии. И како одговор власта донесе одлука без заобиколување да им ја покаже на Европејците реалната состојба на нештата во руско-украинскиот конфликт“, напиша Аваков.
Украинскиот министер нагласи дека Италијанците многу добро ја прифатиле „вистината“ за Русија.
„Иако не го очекуваа тоа на ваков начин, никој немаше ништо против тоа што го споредив путиновскиот режим со бесен пес кој Украина е принудена да го скроти. Напротив, прашаа како да помогнат!“, изјави Аваков.
Тој додаде дека во борбата за Украина е потребна поддршка од водечките европски држави и дека на политичарите во Италија им објаснил дека тоа не е само борба за Украина, ами и за цела Европа. Аваков предупреди дека Путин, доколку дојде и ја „сруши“ Украина, нема да запре на тоа.
„Ми се смачија руските антиукраински лаги што ги пренесуваат сите канали во Европа, а се платени со руски нафташки пари. Ќе организирам масовен противудар во Европа против лагите на руските политичари и нивните платени медиуми. Тоа е важно и сега, и за иднината, за да го смириме бесниот путиновски пес, инаку, во спротивно, тој ќе пцовиса!“, изјави украинскиот министер.
Тој на крајот на својата остра критика на режимот на Путин додаде дека „споредбата со четириножните благородни суштества ги навредува овие животни“, поради што им се извини на сите кучиња на светот.
Во текот на владеењето на Јанукович во Украина, против Аваков беше покренато кривично дело за злоупотреба на службената положба. Тогаш тој се криеше токму во Италија. Овој контроверзен украински политичар е познат по својот „прост“ начин на изразување и по честото објавување на своите ставови на Фејсбук.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче