Путин: Западот ја сака Русија само кога ѝ треба хуманитарна помош

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека понекогаш добива впечаток дека Западот ја сака Русија само кога е слаба и ѝ треба хуманитарна помош, пренесува РИА „Новости“.

Добивам впечаток дека Западот ја сака Русија само кога е слаба и  треба да ѝ се испрати хуманитарна помош, изјави Владимир Путин во филмот на Владимир Соловјев „Претседател“ кој ќе се емитува на 26 април.

Филмот е посветен на 15-годишнината од денот на стапувањето на Путин на функцијата претседател.

„Понекогаш добивам впечаток дека тие нѐ сакаат кога треба да ни се прати хуманитарна помош. Е тогаш е добро сѐ, тогаш ни праќаат компири“, изјави шефот на државата во интервјуто.

„Светот реши Русија да престане да постои во нејзиниот сегашен облик. Единствено прашањето беше кога ќе се случи тоа и какви ќе бидат последиците“, истакна претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.