Норвешка нема намера да ги заострува односите со Русија

Министерот за надворешни работи на Норвешка Берге Бренде изјави дека немаат намера да ги заоструваат односите со Русија поради патувањето на вицепремиерот на РФ Дмитриј Рогозин на Арктикот, соопшти ТАСС.

Министерот за надворешни работи на Норвешка Берге Бренде изјави дека кралството нема намера да ги заострува односите со Русија поради патувањето на вицепремиерот на РФ Дмитриј Рогозин на Арктикот, соопшти ТАСС.

На тој начин Бренде ја коментираше посетата на МНР Норвешка од страна на амбасадорот на Русија во Осло Вјачеслав Павловски. Рускиот дипломат ги информираше норвешките колеги за позицијата на Москва, а исто така апелираше „да не се користи оваа тема за внесување на непотребни тензии во односите“.

Норвешкото министерство од своја страна потврди дека не сака да види во Норвешка лица кои се наоѓаат на списокот за санкции и се надева дека „Русија како добар сосед ќе постапува на соодветен начин“. Исто така, Бене изјави дека МНР на Кралството Норвешка „ќе ги преземе сите неопходни мерки за да стане јасен фактот дека дејството на мерките за ограничување исто така ќе се применува и на територијата на Свалбард (Шпицберген)“.

Руското МНР ја нарече реакцијата на Норвежаните апсурдна, потсетувајќи дека според договорот за Шпицберген од 1920 година државјаните на земјите-потписнички на договорт, на кој од 1935 година е членка и Русија, имаат слободен пристап до архипелагот.

Коментарот на самиот вицепремиер Рогозин беше: „Впрочем, јас нуркав во Северниот Леден океан, иако под нашиот мраз имаше 4000 метри. Но, јас не одев до дното. Просто ни завидуваат што се капевме на Северниот пол“, напиша вицепремиерот на својот Твитер-профил.  

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња