Лукашенко оправдано отсутен за Парадата на Победата

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков ја коментираше одлуката на претседателот на Белорусија да го празнува 9 мај во Минск, пренесува РИА „Новости“.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, коментирајќи ја одлуката на претседателот на Белорусија да го празнува 9 мај во Минск изјави дека Белорусија во големи размери го одбележува Денот на Победата и со самото тоа таа е заедно со Русија. 

„Нашиот најблизок сојузник, претседателот на Белорусија, на 9 мај ќе присуствува на иста парада во Минск. Белорусија апсолутно во големи размери го празнува Денот на Победата и со самото тоа им оддава почит на паднатите. Белорусија се наоѓа заедно со нас во тие чувства и ги споделува“, изјави Песков како одговор барањето на новинарите да ја коментира одлуката на претседателот на Белорусија.  

Белорускиот лидер планира да земе учество во свеченостите на 7 и 8 мај во Москва по повод јубилејот од Победата и „со самото тоа да го демонстрираме нашето единство со рускиот народ и со другите кои ја ценат оваа победа“, а на 9 мај да биде на парадата во Минск.  „На 9 мај ќе бидам во Минск, ние имаме своја Парада на Победата како во Москва. Недозволиво е да го нема Врховниот командант. Никој освен него, според уставот, не може да ја прими парадата“, изјави Лукашенко.

„Ние си имаме своја земја и голем празник, како и во Русија но, за жал, само во две држави на такво ниво се одбележува тој ден“, истакна претседателот на Белорусија.

Исто така, тој не ги поддржува оние политичари кои одбија да дојдат на Парадата на Победата во Москва. „Доколку кај нив дома се одржуваат соодветни свечености, тогаш ние само ќе го поздравиме тоа, ќе се радуваме што таму го одбележуваат Денот на Победата заедно со нас, но доколку тоа е еден вид напад против Русија, против советскиот народ, народите на Источна Европа кои порано ги ослободивме, тогаш тоа е не само против Русите кои наводно војуваат таму во Донбас, кои ја зазеле Украина, како што велат, тогаш тоа е погрешен пристап“, изјави Лукашенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња