Експерт: Сојузот на Кина и Русија е „најголемиот кошмар“ за САД

Политиката на САД придонесува за зближување на Кина и Русија, што се заканува да стане „најголемиот кошмар“ на Америка, смета познатиот инвеститор и експерт за финансиските пазари на Русија и Азија Ерик Краус, пренесува РИА „Новости“.

Политиката на САД придонесува за зближување на Кина и Русија што се заканува да стане „најголемиот кошмар“ на Америка, смета познатиот инвеститор и експерт за финансиските пазари на Русија и Азија Ерик Краус, пренесува РИА „Новости“.

Како што светот станува мултиполарен, САД постепено го губат статусот на водечка економска сила, а земјите во развој „брзо поентираат“. Америка на тој начин, според Краус, прави голема грешка.

„Место да се потруди да го придобие Пекинг со тоа што постепено би се зголемувал уделот на Кина во меѓународните финансиски институции, Вашингтон го натера Пекинг на формирање паралелни институции“, изјави Краус.

Очигледно е, смета експертот, дека Кина тежнее да создаде систем кој е попрофитабилен за неа. Кина отстапува од доларскиот систем и создава организации, конкуренти на финансиските институции кои се наоѓаат под контрола на САД.

„Напаѓајќи ја Русија и истовремено ограничувајќи ја Кина, Америка придонесува за создавањето на сојуз меѓу овие две земји, што за Вашингтон претставува „најголем кошмар“, вели Краус.

На иницијатива на Кина во 2014 беше основана Азиската банка за инфраструктурни инвестиции. Целта на оваа банка е финансирање на инфраструктурни проекти во Тихоокеанскиот регион. Основачкиот капитал на банката изнесува 100 милијарди долари. Русија во март стана членка на АБИИ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.