Жители на 58 земји учествуваа во годинешниот „Тотален диктат“

Жители на 507 градови во 58 земји во светот во саботата учествуваа во меѓународната акција за проверка на познавањето на рускиот јазик, пренесува ТАСС.

Акцијата „Тотален диктат“, која се одржа во саботата во над 500 градови ширум светот, овозможува да се убедиме во богатството и убавината на мајчиниот јазик. Ова го изјави претседателот на Државната дума Сергеј Наршикин кој го прочита диктатот во Руската Академија за народно стопанство и државна служба при претседателот на РФ.

Авторот на текстот на диктатот оваа година беше петербуршкиот писател Евгениј Водолазкин.

Жители на 507 градови во 58 земји во светот во саботата учествуваа во меѓународната акција за проверка на познавањето на рускиот јазик и за побудување на интересот за зголемување на нивото на писменост. Акцијата се одржува секоја година. Според анкетата на ВЦИОМ, секој седми Русин (14%) имаше намера да учествува во неа, а во улогата на „диктатори“ настапија познати артисти, политичари и шоумени.  

Идејата за доброволен диктат за сите што сакаат се роди на Новосибирскиот универзитет и првпат се одржа на 11 март 2004 година. Основните принципи на „Тоталниот диктат“ се бесплатно, доброволно и анонимно учество, професионален пристап во проверката и оценката на напишаниот текст, неплатена работа на организаторите и експертската комисија.

Акцијата се одржа во Ерменија, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргизија, Молдавија, Таџикистан, Узбекистан, Летонија, Естонија, во неколку градови во Украина, во 12 градови во САД, 10 градови во Шпанија, Пјонгјанг во Северна Кореја, во Монако...

„Тоталниот диктат“ е насочен и кон рушење на стереотипите поврзани со потрошувачката култура. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња