Руските моторџии од клубот „Ноќни волци“ предизвикуваат бура од емоции со „симболите на тоталитарниот Советски Сојуз“, изјави во Германија поранешниот министер за надворешни работи на Полска и спикер на Сејмот Радослав Сикорски, пренесува РИА „Новости.“
„Многу е тешко да се објасни прашањето дали да се одобри возењето на руските моторџии или не. Полската влада е пред многу тешка одлука“, рече Сикорски.
Според него, седумдесетгодишнината од Победата над фашизмот е само еден од аспектите на дефилето на руските моторџии затоа што, како што рече тој, „Ноќните волци“ предизвикуваат бурни емоции со „симболите на тоталитарниот Советски сојуз“, што е забрането со закон во Полска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче