Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Париз и Москва заедно се обидуваат да ја решат ситуацијата со „Мистралите“, пренесува „Газета.ру“.
„Русија и Франција заедно бараат можни излези од кризата“, изјави претседателот на Франција.
Според него, разговорите во врска со „Мистралите“ ќе продолжат во текот на разговорите на 24 април.
Рускиот претседател на 16 април во текот на „Директната линија“ изјави дека откажувањето на Франција од испорака на носачите на хеликоптери „Мистрал“ според претстојниот договор е лош знак. Путин тогаш нагласи дека Москва нема да бара од Франција да плаќа пенали и казни, но дека е неопходно француската страна да ги надомести сите трошоци што ги имаше Русија.
Во Елисејската палата ја потврдија информацијата дека е закажана средба на претседателот на Франција Франсоа Оланд и претседателот на Русија Владимир Путин за 24 април во Ерменија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче