Генералниот секретар на НАТО изјави дека Русија не е закана за балтичките земји

Непосредна опасност од страна на Русија нема ни за државите-членки на НАТО, ни за балтичките земји, изјави првиот човек на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг, пренесува ТАСС.

Непосредна опасност од страна на Русија нема ни за државите-членки на НАТО, ни за балтичките земји, изјави првиот човек на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг.

„Истовремено тековната ситуација во сферата на безбедноста има построги барања спрема нас, истакна генералниот секретар на Алијансата, одговарајќи на прашањето дали модернизацијата на Вооружените сили на Русија, вклучително и на нејзиното нуклеарно вооружување, претставува закана за НАТО. -  Гледаме дека Русија во целост покажува голема подготвеност за демонстрација на своите сили – како на конвенционалните, така и на нуклеарните“.

„Новото во оваа ситуација е што и руската страна е подготвена за примена на воена сила против соседните земји, што го видовме од примерот со Украина“, ги цитира ТАСС зборовите на Столтенберг.  

Според него, мала загриженост кај НАТО предизвикуваат зачестените воени вежби на руската војска и фактот што „руската страна почесто демонстрира  дека има нуклеарно оружје, вложува пари во него и повеќе зборува за него“.

Притоа тој констатираше дека сите земји имаат право да ги тренираат своите војници, а нуклеарно оружје какво што има Русија, има и НАТО. Како што тврди Столтенберг, „ракетниот штит на НАТО не е насочен против Русија и Русија прекрасно го знае тоа“.

Одговарајќи на прашањето се плаши ли од „сериозни инциденти“ во иднина, генералниот секретар изјави дека дијалогот со Русија ќе овозможи тоа да се избегне.

„Сигурен сум дека ќе ја продолжиме работата за воспоставување дијалог и соработка со Русија. Сепак треба да обезбедиме цврста одбрана и од тие позиции да се покани Русија на продолжување на соработката“, истакна тој.

На барањето на новинар да го потврди фактот дека руската страна го прекршила договорот за ракетите со среден и мал дострел (РСМД) Столтенберг одговори дека му е позната само позицијата на претставниците на САД по наведеното прашање.

„Не можам да потврдам. Гледам само што велат Американците. Наведеното прашање не се наоѓа во доменот на НАТО, затоа што се работи за билатерален договор меѓу СССР и САД“, истакна тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.