Aмерикански генерал: Не нѐ интересира чесна борба со Русија

Командантот на копнените сили на САД во Европа Бен Хоџис изјави дека напредокот на Русија во воените технологии не одговара на интересите на САД.

Американската армија не е заинтересирана за соперништво со која било земја на еднакво рамниште, изјави командантот на копнените сили на САД во Европа генерал-потполковник Фредерик Бен Хоџис во интервју за „Телеграф“.

„Ние не сме заинтересирани за чесна борба со кого било. Ние сакаме да имаме надмоќ во сите системи. Не мислам дека заостанавме зад Русија, но Русија постигна напредок по многу параметри. Ние не сакаме да го надмине тој напредок“, изјави Хоџис.

Тековната конфронтација меѓу Русија и Западот, според него, е далеку од студена војна.

„Ние сакаме да ја видиме Русија во меѓународната заедница и да соработуваме со неа во борбата со исламскиот тероризам и нуклеарните амбиции на Иран. Тоа е разликата од студената војна“, изјави генералот.

Воен судир со Русија, според него, е малку веројатен.

„Јас не ја сметам воената конфронтација за неизбежна. Но треба да се биде борбено подготвен за да биде дипломатијата ефикасна“, изјави тој. Најдоброто „осигурување“ против судир е единството на НАТО, смета генералот Хоџис. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња