Странците воодушевени од видеото на кое руски војници ја пеат „Barbie Girl“

Странските корисници на интернет се воодушевени од видеото на кое се гледа како руски војници во текот на строевата обука го пеат хитот од 90-те, пишува „Мирор“.

Видеото на кое руски војници маршираат на популарната песна од 90-те стана хит меѓу странските корисници на Интернет, пишува „Мирор“.

Обидувајќи се да ги „живнат“ вежбите по строева подготовка, војниците „на цел глас“ го испеаја хитот на некогаш популарната група „Аква“. „И сега војниците уживаат во своите 15 минути слава – откако видеото за два дена се здоби со над 1,1 милиони прегледи“, пишува „Мирор“.

Изданието исто така истакнува дека „смешното видео“ добило мноштво позитивни коментари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња