Русија спроведува независна, суверена политика на меѓународната арена како и на внатрешната во согласност со барањата на народот, што ѝ овозможува да остане сигурен партнер и да не се вклопува во тековната конјунктура, изјави претседателот на РФ Владимир Путин во интервју за емисијата „Вести во сабота“ со Сергеј Бриљов.
„Ние имаме многу компоненти кои ни овозможуваат да се сметаме себеси за земја која спроведува, како што реално навистина се случува, која спроведува независна, суверена политика на меѓународната арена, која спроведува внатрешна политика онака, како што бара нашиот народ. И во оваа смисла, во оваа смисла ние, патем кажано, сме мошне сигурен партнер, затоа што не играме на нечија музика, не танцуваме, не се вклопуваме во тековната конјунктура“, изјави шефот на државата.
Во таа смисла, тој изјави и дека Русија е подготвена да работи со секој шеф на американската држава кој ќе биде избран од американскиот народ. Ова беше неговиот „традиционален“ одговор на прашањето за кого е од кандидатите во трката за претседател на САД – за Хилари Клинтон или за Џеб Буш.
„Русија не соработува со конкретно физичко лице. Ние соработуваме со земја, со најголемата и многу влијателна земја во светот“, додаде претседателот на Русија.
Земјите имаат разногласија за низа позиции. „Но, истовремено, ние имаме нешто што нѐ обединува, што нѐ тера заедно да работиме“, изјави Путин. Според него, станува збор за нераспространувањето на оружјето за масовно уништување, борбата со меѓународниот криминал, со тероризмот, со сиромаштијата на планетата.
„Ги имам предвид заедничките напори насочени кон тоа да се направи светската економија подемократска и порамномерна, побалансирана, за да биде светскиот поредок подемократски. Ние имаме заедничка агенда. И ние сме подготвени да работиме со секој претседател кој ќе биде избран“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче