Песков: Немаше договор со Грција за аванс

Русија не ветила финансиска помош, затоа што никој не побарал од неа, истакна портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков

Немаше договор со Грција да ѝ се даде аванс од 3-5 милијарди евра во рамките на проектот за изградба на дел од гасоводот „Турски тек“ на грчка територија, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пишува ТАСС.

„Не, немаше. Самиот Путин кажа на прес-конференцијата дека никој не се обратил за помош. Се разбира, беше покренато прашањето за енергетска соработка. Се разбира, по завршувањето на разговорите на највисоко ниво, се договоривме на експертско ниво да се одржи разгледување на сите прашања поврзани со соработката во сферата на енергетиката, а Русија не вети финансиска помош затоа што никој не побара од неа“, изјави денеска Песков во интервју за радиото „Бизнис ФМ“.  

Демантот од Кремљ доаѓа по денешните информации што ги пренесоа сите светски медиуми дека Грција ќе потпише договор со Русија за „Турски тек“ и ќе добие аванс во износ од 3-5 милијарди долари во рамките на овој проект.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња