„За 13 години од војните во Ирак и Авганистан, воениот потенцијал на Русија и Кина се зголеми побрзо отколку што очекувавме. Ние се обидуваме да ги направиме Русија и Кина наши партнери во рамките на меѓународниот поредок. Ние не сакаме да војуваме со нив. Клучните прашања што треба да си ги поставиме се – во што се состојат нивните цели, што би можело да стане за нив фактор на задржување и како да избегнеме криза“, ги цитира ТАСС зборовите на Ворк.
Ворк исто така се осврна на ситуацијата во Украина и реализацијата на Минската спогодба.
„Во овој момент јас сум задоволен од постојната стратегија. Но, како и секоја стратегија, тоа е интерактивна игра. И во неа е важно што мисли другата страна“, објасни заменик-министерот за одбрана на САД.
„Нам би ни претставувало задоволство непристрасни набљудувачи да ги следат активностите на двете страни (во конфликтот) и се обидуваме да ги вклучиме во тоа набљудувачите на ОБСЕ“, додаде тој.
Во февруари шефот на дипломатијата на Русија Сергеј Лавров изјави дека Русија и Кина утврдиле заеднички пристап кон меѓународните проблеми. Тогаш министерот изјави дека односите меѓу Москва и Пекинг преживуваат период на невиден подем.
Во април началникот на военото воздухопловство на САД генерал Марк Велш изјави дека надмоќта на вооружените сили на САД се намалува во однос на Русија и Кина.
Согласно извештајот од истражувањето објавено од Меѓународниот институт за истражување на глобални проблеми во Стокхолм за состојбата со глобалната трговија со оружје и трошоци за вооружување, минатата година, уделот на Русија во воените расходи на глобално ниво изнесувал 4,8%, што ја става на трето место по САД (34%) и Кина (12%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче