Грција планира следниот вторник да потпише договор со Русија во областа на енергетиката. Како што соопшти денеска интернет-изданието „Шпигел-Онлајн“, Москва ќе ѝ даде на Атина аванс од 3 до 5 милијарди евра во рамките на проектот за изградба на дел од гасоводот „Турски тек“ на грчка територија.
Зделката може да ѝ помогне на републиката да излезе од сложената ситуација во која се најде поради долготрајните преговори со ЕУ за реструктуризација на јавниот долг, изјави еден од функционерите на СИРИЗА, запознаен со текот на преговорите.
Според информациите на „Шпигел-Онлајн“, средствата кои ќе дојдат од РФ ќе станат аванс за сметка на идните доходи на Грција од транзитот на гас преку нејзината територија во Европа.
На 30 март министерот за индустриска реформа, заштита на животната средина и енергетика на Грција Панајотис Лафазанис имаше во Москва разговори со министерот за енергија на РФ Александар Новак и првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер. Како што соопшти на 15 април Лафазанис, за следната недела е планирано потпишување на договор со Русија за изградба на гасовод на територијата на Грција. Гасоводот ќе го поврзува „Турски тек“ со Централна Европа. „Договорот ќе биде потпишан веќе следната недела“, истакна министерот. Според него, проектот ќе овозможи отворање на околу 20 илјади нови работни места.
Од владата на Грција, по одржувањето на средбата на 8 април во Москва меѓу премиерот на Грција Алексис Ципрас и претседателот на РФ Владимир Путин изјавија дека грчкиот дел од „Турски тек“ ќе се финансира врз база на приватен капитал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче