Жителите на Донбас во обраќањето до лидерите на Русија, Германија и Франција Владимир Путин, Ангела Меркел и Франсоа Оланд изјавија дека „плановите за враќање на ЛНР и ДНР во состав на Украина“ ќе доведат до „неминовен геноцид на населението“.
Ова обраќање на жителите на Донбас е објавено денеска на сајтот на „Донецката новинска агенција“, пренесува РИА „Новости“.
„Почитувана госпоѓа Меркел! Почитувани господа Путин и Оланд! Ние, жителите на Донбас, се обраќаме до Вас како кон гарантите на Минската спогодба. Изјавуваме од името на нашиот мултинационален народ дека Вашите планови да нѐ вратите во состав на Украина ќе доведат до неминовен геноцид на населението на Донецката и Луганската Народна Република“, се вели во текстот на писмото.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче