Стејт департмент: САД влијаеја на одлуките на бројни лидери да не одат на Парадата на Победата

Вашингтон апелираше до шефовите на државите „да го земат предвид“ она што се случува во Украина пред да дадат согласност за присуство на Парадата на Победата во Москва на 9 мај, призна официјалниот претставник на Стејт департментот на САД Мари Харф.

САД извршија индиректно влијание врз одлуките на раководителите на низа земји да се откажат од присуството на Парадата на Победата во Москва, беше принудена да признае на редовниот брифинг со новинарите официјалниот претставник на Стејт департментот на САД Мари Харф, пренесува РИА „Новости“.

Новинарите ѝ поставија на Харф директно прашање: вистина ли е дека Вашингтон не им препорачувал на шефовите на држави и влади да учествуваат во празнувањето на 70-годишнината од Победата на СССР во Втората светска војна? Таа се обиде да го избегне одговорот, повторувајќи го кажаното на минатите брифинзи со претставниците на медиумите: има многу начини да се оддаде почит на Денот на Победата во Европа, како и на 8 мај во Вашингтон, и секоја земја донесе своја одлука за учество на московските свечености самостојно.

Сепак, откако новинарите на брифингот ја потсетија Харф дека токму СССР имаше загуби од околу 25 милиони луѓе, таа рече дека САД „длабоко го почитуваат споменот на жртвите“.

„Но, што се однесува конкретно до воената парада, ние им обрнавме  внимание на она што се случува во Украина и апелираме и други земји исто така да обрнат внимание на истото“, изјави Харф.

Таа уште еднаш потенцираше дека сите земји можат да донесат по ова прашање сопствени одлуки. Сепак САД „јасно ја одразиле својата позиција“.

Претходно Харф соопшти дека в Вашингтон на 8 мај ќе се одржи аеро-парада, а на Парадата на Победата во Москва САД ќе ги претставува амбасадорот во Русија Џон Тефт.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња