САД и ЕУ изразија загриженост поради замената на увозот во РФ

Според извор во СТО, поплаките на САД и ЕУ спрема Русија биле поврзани со барањата за државните набавки кои предвидуваат во прв ред користење на руски производи, пренесува РИА „Новости“.

САД и Европската унија искажале загриженост од руската политика на замена на увозот. Таква изјава била искажана на заседанието на Комитетот за трговските аспекти на инвестициските мерки на Светската трговска организација денеска, изјави за РИА „Новости“ извор близок до разговорите.  

Соговорникот на агенцијата кажа дека поплаките на САД и ЕУ во однос на Русија биле поврзани со државните набавки кои предвидуваат во прв ред да се користат руски производи.

„Русија во рамките на неодамнешниот „антикризен план“ презеде чекори за спроведување на стратегијата за замена на увозот за медицинска опрема. САД изјавуваат дека Русија очигледно се подготвува со наведените барања да ги опфати државните претпријатија“, изјави изворот.

Според него, таква загриженост изразиле и претставниците на ЕУ, Јапонија и Канада, укажувајќи на „тенденцијата што предизвикува вознемиреност во врска со барањата за набавка“ на медицинска, индустриска и земјоделска опрема, текстил, транспортни средства и, веројатно, софтвер.  

Русија започна широка програма на замена на увозот откако западните санкции ја открија зависноста од увоз кај цела низа важни гранки. Претседателот Владимир Путин во четвртокот изјави дека санкциите помогнале да се исчисти рускиот пазар кој беше окупиран по стапувањето на Русија во СТО (2012 година). Руското МНР во четвртокот изјави дека Русија како член на СТО строго ги исполнува своите обврски.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња