Државниот преврат во Украина доведе до граѓанска војна во таа земја, воените дејствија на Киев можат да идат насочени и против Русија, изјави началникот на Генералштабот на руската војска, генерал на армија Валериј Герасимов, пренесува „Интерфакс“.
„Во суштина, во Украина се води граѓанска војна чии жртви се илјадници луѓе. Тешко е да се претскаже како ќе заврши сето тоа. Ние не знаеме какви инструкции добиваат новите украински власти од западните „доверители“ и каде може да биде насочена агресијата на Киев во иднина“, изјави Герасимов на конференцијата за безбедност во Москва“.
„Но, во секој случај, таквата недефинираност не исклучува воена опасност за Русија“, додаде генералот.
Како пример на слични настани тој го наведе нападот на Грузија врз руските миротворци во Јужна Осетија во август 2008 година.
Герасимов изјави дека новите украински раководители се обидуваат „со примена на воена сила да ги смират граѓаните на Украина кои живеат во Донбас и кои искажуваат недоверба кон нелегитимната власт и не се согласни со русофобната политика што се спроведува од страна на државата.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче