Лидерот на полскиот мото-клуб „Катинско возење“ Виктор Венгжин е подготвен да ги заштити руските „Ноќни волци“ кои сакаат да поминат низ Полска за да бидат во Берлин на 9 мај за да ја одбележат 70-годишнината од Победата над фашизмот, соопшти информативниот портал „Онет.пл“.
Според него, сите негативни реакции на акцијата на „Ноќните волци“ се резултат на заговор на медиумите.
„Сите моторџии се браќа. Сите. Ако некој се обиде да им наштети, ние ќе ги браниме“, изјави Виктор Венгжин.
Негодување поради оваа акција изрази една група полски моторџии, а потоа и полските власти, кои изјавија дека постои можност да не им се дозволи на руските моторџии да поминат низ оваа земја, како и властите на Берлин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче