Песков: Испраќањето американски падобранци ја дестабилизира ситуацијата во Украина

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека испраќањето американски војници во Украина ја дестабилизира ситуацијата, пренесува РИА „Новости“.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека испраќањето американски војници во Украина за обучување на украинската војска воопшто не придонесува за решавање на конфликтот, туку ја дестабилизира ситуацијата.

„Присуството на инструктори и специјалци од други земји на територијата на Украина, каде и понатаму постои внатрешен конфликт, како и на југоистокот каде постојат проблеми со реализацијата на акцискиот план на Минската спогодба, секако не создава поволна атмосфера за постигнување на договор“, изјави Песков, а пренесува РИА „Новости“.  

Амбасадорот на САД во Киев Џефри Пајет на 10 април изјави дека падобранците на 173 бригада на САД, стационирана во Италија, пристигнале во Украина за да ги обучуваат украинските војници.

Во март Пентагон соопшти дека почетокот на обуката на украинската војска е планиран за крајот на април, за да се „обезбеди внатрешната безбедност и територијалната одбрана на Украина“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња