Михалков изрази желба да го промовира брендот „Јадеме дома!“ на Балканот

Рускиот режисер Никита Михалков изјави дека би сакал да почне со работа рускиот синџир за општествена исхрана „Јадеме дома!“ и на Балканот, пренесува РИА „Новости“.

Рускиот режисер Никита Михалков, кој се наоѓа во посета на Белград, Србија, изјави дека би сакал да почне со работа рускиот синџир за општествена исхрана „Јадеме дома!“ и на Балканот.

„Многу би сакал овој бренд да биде и во Србија, и на Балканот, исто така, но засега ќе почнеме од Русија пополека“, изјави режисерот, одговарајќи на прашањето за перспективите на отворањето ресторани „Јадеме дома“ во Србија, пренесува РИА „Новости“.

Притоа Михалков на шега призна дека како почесен граѓанин на Белград сега „треба да лобира“ за идејата за проширување на мрежата во Србија.  

Во Белград на Михалков му беше доделено звањето „Почесен граѓанин на Белград“.

Според Алија Самигулина, портпарол на вицепремиерот на РФ Аркадиј Дворкович, проектот за мрежа за општествена исхрана „Јадеме дома“ ќе претендира на учество во програмите за поддршка на малиот и среден бизнис во општа постапка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.