Америка ѝ се заканува на Русија поради наводно кршење на „ракетниот договор“

Помошникот-државен секретар на САД Френк Роуз изјави дека Русија наводно продолжува да го крши Договорот за ракети со среден и краток дострел и се закани дека Америка ќе преземе одредени мерки, пренесува РИА „Новости“.

Помошникот-државен секретар на САД Френк Роуз изјави дека Русија наводно продолжува да го крши Договорот за ракети со среден и краток дострел и се закани дека Америка ќе преземе одредени мерки.

„Јасно им ставивме на знаење и на Русија и на нашите сојузници дека нашето трпение има граници. Ако Русија не престане да го крши Договорот, ние во своја заштита и заштита на нашите сојузници ќе преземеме одредени чекори“; изјави Роуз на Конференцијата за нуклеарно оружје и меѓународна безбедност во Колорадо Спрингс.

Роуз додаде дека ќе продолжи да врши притисок врз Русија и дека нивната цел не е „демонизирање“ на Русија, туку почитување на Договорот кој ја одржува стратешката стабилност во светот, пренесува РИА „Новости“.

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер уште во февруари изјави дека Русија наводно го прекршила Договорот за уништување на ракетите со среден и мал дострел и дека Вашингтон како одговор треба да постави нов антиракетен систем.

По тој повод се огласи и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој рече дека САД не покажале никакви докази за кршењето на „ракетниот договор“ и дека се тоа неосновани обвинувања на адреса на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.