Во општина Карпош откриена спомен-плоча на Јуриј Гагарин

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија денеска откри спомен-плоча на Јуриј Гагарин во скопската општина Карпош.

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Николаевич Шчербак, денеска откри спомен-плоча на Јуриј Гагарин во паркот „Македонија“. Спомен-обележјето е подарок од Руската Федерација за Скопје и Македонија и се наоѓа на улицата што го носи името на првиот човек кој пред 54 години, на 12 април 1961 година, леташе во вселената. 

Во својот говор, амбасадорот Шчербак истакна и дека со летот на Гагарин започнала нова ера во развојот на светската наука и техника на човековата цивилизација – епохата на освојување на вселенското пространство.

По неговиот лет, човештвото постигнало многу грандиозни успеси: слета на Месечината, создаде орбитални станици, излезе во отворената вселена, се подготвува да полета на Марс, кон други планети од Сончевиот систем, но сепак прв бил Јуриј Гагарин кој засекогаш ќе остане во сеќавањето на благодарното човештво.

Амбасадорот се заблагодари на градот Скопје и општината Карпош, на градоначалниците Трајановски и Јакимовски, како и на компанијата „ЛУКОИЛ-Македонија“ „за активната помош за овековечувањето на споменот на првиот космонаут на светот Јуриј Гагарин на македонска земја“ со надеж дека споменикот „секогаш ќе нѐ потсетува на силата и големината на човековиот дух, неговиот стремеж за спознавање на нашиот бескраен свет и на самиот себе“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња