Шојгу: САД го зајакнуваат влијанието на просторите на поранешниот СССР

САД се обидуваат да го зајакнат своето влијание на просторите на поранешниот СССР, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува ТАСС.

САД се обидуваат да го зајакнат своето влијание на просторите на  поранешниот СССР, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 4 конференција за меѓународна безбедност. 

„Земјите на НАТО, првенствено САД, станаа многу активни во обидите да го зајакнат своето влијание на просторите на поранешниот СССР. За да ја постигнат својата цел, САД и нивните сојузници користат различни средства – ветување профитабилни инвестиции, донации и бесплатан воено-техничка помош“, наведе Шојгу, пренесува ТАСС.

Договорот за отворено небо и Виенскиот документ се донесено со цел да се изгради доверба во воената сфера и примената на безбедносните мерки, но тие не ја исполнија својата цел, оцени министерот, со напомена дека системот на американската противракетна одбрана  е закана за стратешката стабилност.

Тој додаде дека „нашите прогнози за развој на американскиот глобален противракетен систем се остваруваат и ја потврдуваат стратешката закана“.

Шојгу оцени дека воените вежби на НАТО на Арктикот и на истокот на Европа се насочени против Русија. Земјите на НАТО се обидуваат да заземат геополитички простор со изградба на воениот потенцијал во Источна Европа и приближување до руските граници.

Географската концентрација на нивните вежби само на источното крило на Алијансата и на Арктикот укажуваат на антируска ориентација, рече Шојгу.

Тој наведе дека и членките на НАТО кои немаат нуклеарно вооружување, во текот на вежбите се обучуваат како да го користат американското. 

Еден број западни лидери се обидува да ја изолира и казни Русија поради нејзината независна политика, но ние и покрај тоа сме отворени за соработка со партнерите ширум светот, наведе Шојгу. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.