Русија води непредвидлива „хибридна војна“ против Европа, обидувајќи се да ги дестабилизира земјите одвнатре, а исто така е во состојба да примени и тактика слична на онаа во Украина, што претставува поголема опасност отколку активностите на СССР во периодот на Студената војна, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
„Русија комбинира методи на конвенционално војување со порафинирани методи, како што се пропагандните кампањи и масовната дезинформација, делување на јавното мислење по пат на финансиски врски и политички партии“, изјави Расмусен во интервју за „Њузвик“, а пренесува „Взгљад“.
„Ние знаеме дека Русија ја поддржуваат националистички десничарски партии и некои лево ориентирани во земји ако што се Грција, Унгарија, Бугарија и Франција“, изјави тој.
Коментирајќи ги блиските односи меѓу Грција и Русија, Расмусен истакна дека „Грците си играат со оган“. „Русија не може економски да ја спаси Грција, затоа што и самата настрада од санкциите. Грција може да ја спаси само Западот“, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО.
Според него, Русија „покажа заби“ и на традиционален начин, на пример, често споменувајќи го нуклеарниот арсенал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче