„Веќе реков во една „Директна линија“ дека на некои големи држави, суперсили, кои имаат тенденција да бидат исклучителни и да се сметаат себеси за единствен центар на моќ во светот, не им се потребни сојузници, туку вазали. Мислам на САД. Русија не може да учествува во таков систем на односи... Русија не треба да се дурли, да се лути, да се оддалечи и изолира, секогаш сум го кажувал тоа. Ние сакаме да соработуваме, спремни сме на тоа и така и ќе правиме без оглед на ставот на некои раководства во странските држави“, изјави Путин, додавајќи дека САД ги чека истата судбина како на СССР.
„Обидите да ни се наштети со санкции не се ефикасни“, рече претседателот на Русија и како главен услов за подобрување на односите го наведе почитувањето на Русија.
„Ние не ги расипавме односите со Западот. Секогаш сме за нормални односи со сите држави како од Истокот, така и од Западот. Но најважен услов за воспоставување нормални односи е почитувањето на Русија и нејзините интереси“, прецизираше тој.
„Ние сакаме да соработуваме, не сме нивен потрчко“, повтори тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче