Путин: Минатата година беше рекордна за Русија

Во 2014 година Русија оствари рекордно ниво во производство на нафта, жито и изградба на станбени објекти, изјави Владимир Путин на таканаречената „Директна линија“.

Во 2014 година Русија оствари рекордно ниво во производство на нафта, жито и изградба на станбени објекти, изјави Владимир Путин на таканаречената „Директна линија“ која се одржува секоја година, а во Претседателот на РФ одговара на прашања што му ги поставуваат граѓаните на РФ.

„Реалниот БДП порасна за 0,6 отсто, што мал пораст, но сепак е раст. Забележена е рекордно производство на нафта - 525 милиони тони. Имавме и една од најбогатите жетви досега - 105,3 милиони тони. Постои позитивен тренд и во другите гранки“, рече рускиот претседател.

Покрај тоа, добри резултати се постигнати и во градежната индустрија. Путин истакна дека во оваа област се постигнати рекордни резултати уште од советско и постсоветско време и дека градежниците имаат со што да се гордеат.

„Никогаш не сме имале вакви резултати. Изградивме околу 81 или 82 милиони квадратни метри станбени објекти“, рече Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.