Присуството на американските војници во Украина ги крши обврските кои ги презеде Киев во врска со повлекувањето на сите странски единици и платеници од територијата на својата земја, изјави во средата на 22 април министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Џон Кери.
„Лавров обрна внимание на тоа дека пристигнувањето на војниците на 173 воздушно-десантна бригада на САД на Јаворовскиот полигон кај Лавов и информациите за тоа дека во редовите на украинската војска се наоѓаат војници на американската воена компанија „Академи“ сведочат за тоа дека Киев ги крши своите обврски за повлекување на сите странски формации, воена техника и платеници од територијата на Украина“, истакнаа од Министерството.
Во текот на дискусијата за проблематиката за решавање на украинската криза, рускиот министер истакна дека е неопходно стриктно спроведување на пакетот-мерки за реализација на Минската спогодба усвоен во февруари од „Нормандискиот формат“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче