Министерство за одбрана на РФ: САД обучуваат борци на Националната гарда на Украина во зоната на конфликт

Американските војници ја обучуваат Националната гарда на Украина за боеви дејствија не на западот на земјата, ами директно во Донбас, изјави денеска официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Американските војници ја обучуваат Националната гарда на Украина за боеви дејствија не на западот на земјата, ами директно во Донбас, изјави денеска официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Минатата недела околу 300 американски падобранци пристигнаа во Украина за учество во командно-штабните вежби „Бестрашен чувар 2015“ кои стартуваа на 20 април во Лавовската област.

„Она што навистина треба да предизвика вознемиреност кај јавноста е обуката од страна на американските војници на украинската Национална гарда за јуришни дејствија во урбана средина.  

Само што тоа се случува не во Лавовската област, на Јаворовскиот полигон, како што прикажуваат украинските телевизиски канали, ами непосредно во зоната на борбените дејствија во реонот на Мариупол, Северодонецк, Артемовск и Волноваха“, изјави Конашенков.

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација изјави дека обуката од страна на американските војници на Украинците за ракување со оружје и техника од западно производство може да се смета за прв чекор кон испорака за Украина на современо американско вооружување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња