Медиуми: Германија планира да го забрани дефилето на „Ноќните волци“ низ Берлин на 9 мај

Рускиот мото-клуб „Ноќни волци“ нема да добие дозвола за возење низ Берлин во знак на сеќавање на победата во Втората светска војна, пренесува „Ди Велт“.

Рускиот мото-клуб „Ноќни волци“ нема да добие дозвола за возење низ Берлин во знак на сеќавање на победата во Втората светска војна, пренесува „Ди Велт“ повикувајќи се на извор во германската полиција.

Специјалните служби засега немаат добиено барање за минување низ Берлин, што е задолжително во вакви случаи, но штом пристигне барањето, ќе биде одбиено, соопшти изворот.

„Овие луѓе сигурно нема да поминат во колона низ Берлин“, изјави изворот.

Сепак, членовите на клубот како туристи можат да организираат „скромна прослава“ во Берлин за која не им е потребна дозвола од властите. Полицијата во секој случај ќе ја надгледува нивната акција, истакна претставник на градските власти на Берлин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.