Лавров раскажа за кратковидата логика на Вашингтон и НАТО

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека во САД и во НАТО завладеала кратковида логика на победници во студената војна, пренесува ТАСС.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека првин во САД, а потоа и во НАТО „завладеа кратковидата логика на победници во студената војна“. Ваквиот став, како што информира ТАСС, тој го соопшти во текот на својот настап на конференцијата за меѓународна безбедност во Москва.

Според мислењето на шефот на руската дипломатија, тоа стана последица од  фактот што Русија „често одбивале да ја слушаат, а не да ја чујат“. Лавров потенцираше дека денеска мирот може да се сочува само со заеднички напори, засновани на почитување  на интересите на сите партнери.

„Денеска сме сосема близу до границата на која одново, како и по Втората светска војна, потребно е да се направи судбоносниот избор меѓу соработка и конфликти. (...) Далеку сме од намерно предизвикување чувства на загриженост. Но сепак би сакал да апелирам да се избегнува потценувањето на изгледите за опасна деградација на меѓународната ситуација“, додаде министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња