Енергетска заедница: ЕУ нема со што да го замени рускиот гас што оди низ Украина

Првиот човек на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач истакна дека Европската унија нема да може да го замени рускиот гас што транзитира низ Украина со гас од други извори доколку Русија сепак се откаже од украинската маршрута за транзит.

Европската унија нема да може да го замени рускиот гас што транзитира низ Украина со гас од други извори ако Русија сепак се откаже од украинската маршрута за транзит, изјави во интервју за РИА „Новости“ раководителот на секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач.  

Енергетската заедница е меѓународна заедница чија цел е да ги применува правилата на внатрешниот енергетски пазар на Европската унија врз други земји, особено врз југоистокот на Европа. Секретаријатот е една од главните управни структури на организацијата. За разлика од сличните, тој работи постојано. Највисок орган за донесување одлуки е советот на министри којшто се состанува еднаш годишно.

Претходно министерот за енергија на РФ Александар Новак изјави дека Русија не планира да го продолжи договорот за транзит на гас низ територијата на Украина по 2019 година.

„Во дадениов момент такви можности нема во доволна мера. Мислам дека ситуацијата нема да се промени и во текот на следните неколку години, дури и кон крајот на 2019 година“, одговори Копач на прашањето ќе може ли ЕУ да го замени рускиот гас со испораки од други извори (меѓу другото и од ТПГ) или за сметка на поактивна употреба на други маршрути за транспортирање, доколку „Гаспром“ го запре транзитот на гас низ Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња