САД ѝ благодари на Русија за евакуацијата на Американци од Јемен

Официјалниот претставник на американскиот Стејт департмент Мари Харф ѝ заблагодари на Москва за помошта во евакуацијата на американски државјани од Јемен, пренесува „Взгљад“.

Официјалниот претставник на американскиот Стејт департмент Мари Харф во текот на брифингот ѝ заблагодари на Москва за помошта во евакуацијата на американски државјани од Јемен, пренесува „Взгљад“.

„Ние знаеме дека имаше Американци на бродот. И мило ми е што можам да им се заблагодарам на Русите за тоа“, изјави Харф, истовремено не можејќи да ја потврди информацијата на МНР РФ за тоа дека државниот секретар на САД Џон Кери во телефонски разговор со шефот на дипломатијата на Русија Сергеј Лавров искажал благодарност за помошта во евакуацијата на американски државјани од Јемен.

„Ќе го проверам тоа“, рече Харф, одговарајќи на прашањето дали има информација за разговорот на Кери со Лавров.

Властите на Русија во неколку етапи евакуираа руски и странски државјани од Јемен, вклучително и американски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.