Песков: Лидерството на Путин е очигледно и без рангирање

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека е сигурен дека Владимир Путин е еден од најпочитуваните политичари во светот, пренесува „Интерфакс“.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, не сакајќи да ја коментира статијата во магазинот „Тајм“ во која се вели дека Владимир Путин е избран за највлијателна личност на планетата, рече дека е сигурен дека шефот на државата е еден од најпочитуваните политичари во светот.

„Не би можел да дадам некаква соодветна проценка за тоа. Дека претседателот е еден од најпопуларните, најпознати и најпочитувани политичари на светот - тоа е очигледно.  Неколку пишани медиуми го признаа ова лидерство. Тоа, исто така, е очигледен факт“, изјави Песков за новинарите во вторникот, пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Во понеделникот магазинот „Тајм“ ги објави официјалните резултати од анкетата во која читателите го одбраа претседателот Путин за највлијателен човек на Земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.