Могерини: ЕУ не е заинтересирана за изолација на Русија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност се надева дека Русија повторно ќе одигра важна улога на меѓународната арена, пренесува РИА „Новости.

Целта на ЕУ е решавање на кризата во Украина, а не изолација на Русија, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини денеска на прес-конференцијата по средбата на шефовите на дипломатиите на Г-7, пренесува РИА „Новости“.

„Во интерес на сите страни кои се собрани денеска овде, тоа е совршено јасно во интерес на Европска унија е да се реши кризата во Украина, но истовремено не е во ничиј интерес на оние кои седеа денеска на масата и, се разбира, не е на Европската унија, да се изолира Русија. Ние зборувавме дека би било добро Русија во еден момент да се врати на исполнување на одговорната улога на меѓународната арена, како што прави за други прашања“, изјави таа, истакнувајќи го особено, иранското прашање.

Могерини потсети делка Русија е важен партнер во решавањето на меѓународните проблеми, особено во борбата против меѓународниот тероризам. „Ние работиме со Русија – не само ЕУ, но и САД – на многу други меѓународни проблеми, вклучувајќи го и меѓународниот тероризам“, изјави Могерини. Таа додаде дека „изолацијата на Русија не е во ничиј интерес“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња