Министерот за одбрана на Грција: Ги правиме „сите напори“ за укинување на санкциите против РФ

За министерот за одбрана на Грција Панос Каменос „сега се откриваат нови перспективи за билатерална соработка“ меѓу Русија и Грција, но пречат санкциите на ЕУ, пренесува РИА „Новости“.

Грција ги прави „сите напори“ за да се укинат санкциите на Европската унија против Русија, изјави министерот за одбрана на Грција Панос Каменос кој пристигна во Москва за да учествува на конференцијата за безбедност, пренесува РИА „Новости“.

Според него, сега се откриваат „нови перспективи за билатерална соработка“ на земјите, меѓутоа пречат санкциите на ЕУ против Русија. Каменос изјави дека Грција смета на тоа „со жалење“.

„И покрај тоа што сме мала земја, ги правиме сите напори за да бидат укинати овие ограничувања“, изјави тој на средбата со рускиот колега Сергеј Шојгу.

Според министерот, односите на Русија и Грција „се базираат не само врз историјата, но и врз заедничката вера“. „Грчкиот народ во сите свои сложени моменти во историјата наоѓал поддршка кај рускиот народ“, истакна Каменос.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.