Зошто Москва донесе толку важна одлука за симнување на забраната за испорака на ракетниот систем С-300 на Иран, кој цело време се наоѓаше под санкции на САД? Одговорот на ова прашање ќе има големо влијание врз текот на глобалната политика во следните децении, пишува „Азија Тајмс“.
Во статијата се споменува „срамната“ епизода во претседателската дипломатија на Барак Обама кога тој го увери тогашниот руски лидер Дмитриј Медведев дека загриженоста на Москва по повод распоредувањето на американската ПРО во Европа ќе ги снема веднаш по реизборот на американскиот претседател. Меѓутоа, по реизборот Обама го прекрши своето ветување.
„На ниво на шефови на држави политичарите не треба да се однесуваа како ученичиња, а и нуклеарните прашања не се детска игра. Сепак Обама се однесуваше безобразно“, пишува магазинот, истакнувајќи дека Русија цело време ги оспоруваше американските тврдења дека системите за ПРО се насочени против таканаречените одметнати држави, имајќи ги предвид Иран и Северна Кореја. Обама лично ја убеди Москва дека веднаш откако нуклеарниот проблем со Иран биде решен, нема да има смисла за распоредување на ПРО. „Но сега, кога американско-иранските преговори веќе дојдоа до целната линија и работата се ближи кон разрешница, Обама повторно страда од губење на сеќавањето, заборавајќи на своето ветување и Вашингтон почнува тивко да ги менува правилата на игра“, се вели во статијата. „Колку и да е чудно, САД и НАТО сега ладнокрвно тврдат дека распоредувањето на системите за ПРО во Европа (во непосредна близина на руската граница) нема ништо заедничко со иранското нуклеарно прашање.
Реалната цел на распоредувањето на ПРО во Европа е насочена кон неутрализација на ракетниот потенцијал на Русија се истакнува во статијата. Меѓутоа, Русија прекрасно разбира дека „стратешките прашања на САД се состојат од едноставната вистина – РФ, како и претходно, останува единствената земја на планетата, способна во целост да ги уништи САД“. Со други зборови, Путин решил да му овозможи на Обама исто така да почувствува што значи кога интересите на САД се наоѓаат во опасност. Зашто ракетите С-300 силно ќе ги ограничат офанзивните можности на Америка.
Сега активностите на Иран во регионот на Блискиот Исток можат да станат многу проблематични за САД и да ѝ стават крај на американската хегемонија на Блискиот Иток. Според магазинот, испораката на С-300 на Иран ќе го натераат Обама да почувствува како се чувствуваат Русите кога тој ги праќа американската војска и единиците на НАТО на руската граница и систематски ги прекршува сите ветувања дадени на руското раководство за неширење на Алијансата на исток и на територијата на поранешниот СССР. Денеска единиците на НАТО и САД се наоѓаат премногу близу до руската граница отколку тенковските дивизии на Хитлер во 1940 година пишува „Азија Тајмс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче