Според мислењето на францускиот политички колумнист, уредник на информативниот сајт www.еuropesolidaire.eu Жан-Пол Бакиаст, кое тој го искажа на својот блог на интернет-изданието на „Медиапарт“, незапирливата желба на Вашингтон да си ги измери нуклеарните мускули со Русија ќе се претвори во катастрофа повеќе за САД, отколку за Москва.
Несомнено, војна меѓу Русија и САД со помош на нуклеарните потенцијали на двете суперсили ќе има ужасни последици кои ќе ги чувствува населението на планетата со децении. Сепак тоа не ја вознемирува американската команда – таа сѐ повеќе се интересира за можноста да започне таков конфликт. Потврда за тоа се стотиците статии на интернет, пишува Бакиаст.
Според зборовите на колумнистот, Кремљ одамна забележа дека Вашингтон, „бидејќи е неспособен да води борба со Русија со конвенционални методи“, има намера да ја уништи со помош на оружје. Бакиаст истакнува дека во случај на ескалација на конфликтот меѓу двете земји во Белата куќа ќе се појави намера да се нанесе превентивен нуклеарен удар.
Размислувајќи за периодот во текот на кој САД ќе можат да се воздржуваат, новинарот опишува апокалиптична слика: најновите ПВО системи С-500 кои во моментов детално се разработуваат во РФ тешко дека ќе можат да ја заштитат огромната земја од нуклеарниот напад на американските ракети лансиран од подморниците на Морнарицата на САД. По нападот на американските нуклеарни ракети веднаш ќе уследи возвратен удар од атомските подморници кои пловат под Андреевското знаме затоа што некои од нив држат стража во непосредна близина на бреговите на САД. Дури и да погодат Американците незначителен дел од територијата на РФ, тогаш одговорот на Русија нема да остави од САД ни трага.
Како што резимира Бакиаст, конфликтот ќе го означи крајот на двете цивилизации во нивното првобитно сфаќање. Сепак Русија, а заедно со неа и Кина, доколку успее да избегне напад од страна на Вашингтон, како резултат ќе се најде во подобра положба отколку Америка.
„Останува само да се надеваме дека американските генерали го разбираат истото тоа“, заклучува новинарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче