Конгресмените од Републиканската и Демократската партија на САД Питер Роскам и Тед Дојч упатија писмо со предупредување до американскиот државен секретар Џон Кери во кое се наведува дека испораката на руските противвоздушни ракетни системи С-300 на Иран во значителна мера ќе ја зајакнат одбраната на таа држава.
„Поддршката на ваква воена закана е неопходна компонента за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во Иран“, се наведува во писмото на конгресмените кое го пренесува „Вашингтон Фри Бикон“ (Washingotn Free Beacon).
Американските конгресмени исто така истакнаа дека испораката на системите С–300 на Иран во голема мера ќе влијаат на можноста за преземање воени акции на САД против оваа земја, доколку дојде до таква потреба. Според нив, руската испорака ќе ја дестабилизира ситуацијата во регионот затоа што се тоа значително ќе се зголеми воениот потенцијал на Техеран.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче