Санкциите на Западот против Русија можат да бидат укинати единствено ако Москва го исполни договорот за прекин на огнот и го почитува суверенитетот на Украина, порачаа денес министрите за надворешни работи на Групата 7 (Г-7) од средбата во Либек, Германија.
„Г-7 ја истакнува блиската врска меѓу целосната примена на спогодбата од Минск и меѓународните санкции“, се наведува во заедничкото соопштение по завршувањето на состанокот.
Во соопштението се укажува дека траењето на санкциите е поврзано со „руската целосна примена на спогодбата од Минск, потпишана во февруари, и почитувањето на украинскиот суверенитет“, пренесува „Ројтерс“.
Министрите ги поздравија Украина и Русија за „преземањето на првите чекори“ кон примена на спогодбата за прекин на огнот, но укажаa дека по тоа прашање „потребен е значителен и брз напредок“.
Исто така, повикаа на почитување на прекинот на огнот и повлекување на тешкото вооружување, како и дека Русија би требало да го искористи своето „значително влијание“ врз проруските сили.
Министрите за надворешни работи на Г-7 го поздравија рамковниот договор за спорната иранска нуклеарна програма и ги поддржаа понатамошните напори на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Кина и Иран за постигнување конечен договор до 30 јуни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче