Владата на Украина објави попис на надворешните долгови за кои сака да склопи договори за промена на условите на заемот. Помеѓу другото, Украина еднострано се откажа од враќањето на Русија на долгот од 3 милијарди долари. Во одлуката на владата од 4 април е наведено дека на списокот со долгови кои подлежат на реструктуризација се вклучени еврообврзниците на Украина кои Русија ги откупи на крајот на 2013 година.
Како што пишува „Телеграф.лв“, владата на Украина прецизираше дека списокот е доставен од Министерството за финансии по предлог на финансискиот советник Lazard Freres SAS. Киев се надева дека ќе добие согласност за реструктуризација на долгот до јуни за да може навремено да ја добие втората транша од ММФ.
Реструктуризација на државниот долг е преиспитување на условите за сервисирање на долгот. Во општи црти, реструктуризацијата е актуелна кога се појавува опасност од банкрот на заемопримачот, односно неговата неспособност да ги исполни должничките обврски во склад со првобитните услови под кои е одобрен заемот, истакнува летонскиот портал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче