Од администрацијата на претседателот на САД во понеделникот изјавија дека Вашингтон се противи на испораката на С-300 на Техеран, пренесува „Взгљад“.
„Ги видовме соопштенијата поврзани со можна продажба на С-300 на Иран. САД претходно веќе го искажаа своето противење по тој повод“, изјави претставникот на Белата куќа Џошуа Ернест на брифингот за новинарите.
Тој исто така истакна дека „државниот секретар Џон Кери неодамна имаше можност му да ја искаже својата загриженост (по тоа прашање) на својот руски колега Сергеј Лавров.“
Според Ернест, САД можат да воведат еднострани санкции против Москва во случај на испорака на руски стоки во замена за нафта.
Претходно со критика за симнувањето на забраната за испорака се јави и Израел.
Во коминикето на министерот за разузнавање на Израел Јувал Штајниц се истакнува дека „тоа покажува дека растот на иранската економија, кој ќе следи по укинувањето на санкциите, ќе се користи за купување оружје, а не за обезбедување на просперитетот на иранскиот народ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче