Премиерот Дмитриј Медведев нареди да се направат измени на условите на договорите за изградба на стадионите за Светското фудбалско првенство вo 2018 година, во смисла на употреба на домашни материјали наместо странски, пишува „Интерфакс“.
Останатите измени ќе бидат „поедноставување на технолошки решенија за покривање на стадионите и нивниот надворешен дизајн“, пишува во директивата ба владиниот веб-сајт.
Стадиони треба да се изградат во Самара, Саранск, Волгоград, Нижни Новгород и Ростов на Дон според договорите потпишани од Министерството за спорт. Над 10 милијарди рубли ($190 милиони) ќе бидат потрошени за секој договор.
За завршување на роковите за изградба, директивата го овластува министерството за спорт да направи значителни измени во договорите како на пример промена на цените, роковите или обемот на работа што треба да се заврши.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче