Либија бара руска помош за обнова на воената моќ

Премиерот на меѓународно признатата либиска влада Абдала ат-Тани планира во текот на идната посета на Русија да побара помош за обнова на воената моќ на земјата, пренесува РИА „Новости“.

Премиерот на меѓународно признатата либиска влада Абдала ат-Тани планира во текот на следната посета на Русија да побара помош за обнова на воената моќ на земјата. „Сакаме Русија, таа голема држава, да ни помогне во обновата на стабилноста и воената моќ на Либија“, изјави ат-Тани, а пренесува РИА „Новости“.

„Тоа е главната цел на таа посета“, истакна премиерот. Според неговите зборови, Владата планира да реализира некои договори кои со Русија ги склучила претходната власт на Либија.  

„Ќе преиспитаме некои договори што ги склучи претходниот режим во 2008 година. (...) за да бидат во интерес на двете земји“, изјави премиерот. „Ние имаме склучени договори од минатото кои ќе се обидеме да ги активираме“, истакна ат-Тани.

„Со Русија ќе оствариме силна соработка, особено во економската сфера: во сферата на железниците и испитувањата на нафтените наоѓалишта“, изјави либискиот премиер.  

Премиерот на Либија Абдала ат-Тани на 14 април ќе ја посети Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња